Достапни линкови

Иран: Нуклеарните разговори ќе продолжат


Заменик-министерот за надворешни работи на Иран Абас Араки

Заменик-министерот за надворешни работи на Иран Абас Араки, вели дека преговорите со европските земји и Кина за нуклеарниот договор од 2015 година, по повлекувањето на Вашингтон, ќе продолжат додека високите дипломати ги завршуваат разговорите во Виена.

"Засега, ние преговараме ... да видиме дали можат да ни обезбедат пакет кој може да даде на Иран корист од укинувањето на санкции", изјави Абас Араки за новинарите, по разговорите со дипломатите од Франција, Велика Британија, Германија, Русија и Кина. "Тогаш, следниот чекор е да пронајдеме гаранции за тој пакет, и ни требаат и правни и политички обврски од страна на останатите учесници." изјави Араки

Високи дипломати се состанаа во обид да спречат пропаѓање на договорот откако претседателот Доналд Трамп на 8 мај ги повлече САД и објави дека ќе ги обнови санкциите против Техеран.

XS
SM
MD
LG