Достапни линкови

Заев на прием кај папата Франциско


Папат Франциско

Длабоко вкоренетата традиција на меѓурелигиска толеранција, почитување на разни верски убедувања и негување на верските слободи во Република Македонија беше една од темите на денешната средбата на премиерот Зоран Заев со поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско.

Заев денеска беше на аудиенција кај папата, со кого имаше тет-а-тет средба, а потоа поглаварот на Римокатоличката црква ја прими македонската делегација, која ја предводи премиерот во посета на Ватикан, која се остварува традиционално во рамките на програмските активности на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“.

За време на аудиенцијата во разговорот, премиерот Заев го изрази неговото лично и високото задолство во името на Владата на РМ од зголемената динамика на билатералните посети и на односите на нашата земја со Светата столица, како што беше историската посетата на државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин во 2016 година, како дел од активностите за канонизацијата на Пресвета Мајка Тереза.

Заев ја повтори отворената покана за папата Франциско во блиска иднина да ја посети Македонија, што би била од исклучителна важност, за унапредување на билатералните односи, како и за регионот.

XS
SM
MD
LG