Достапни линкови

ЕУ и НАТО: Русија да преземе одговорност за уривањето на малезискиот авион


ЕУ, НАТО и владите на Холандија и Австралија денеска ја повикаа Русија да преземе одговорност за уривањето на малезискиот патнички авион над источна Украина во јули 2014 година, при што загинаа 298 лица.

Повиците за руска одговорност следуваат откако вчера меѓунардониот истражен тим соопшти дека утврдил оти авионот било погоден со ракета довезена во Украина од Русија. Европската Унија бара одговорните да се соочат со последиците од своето дело и ги повикува сите земји целосно да соработуваат за утврдување на одговорноста за инцидентот, се наведува во денешното соопштение на високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедност, Федерика Могерини.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг пак во својата реакција оцени дека уривањето на авионот претставува „светска трагаедија“.

XS
SM
MD
LG