Достапни линкови

Српските атеисти бараат црковен данок за верниците


Српските владици на инаугурацијата на српскиот претседател Александар Вучиќ

Граѓанското здружение „Атеисти на Србија“ ја повика државата да воведе т.н. „црковен данок“, да почне со оданочување на верските заедници во земјата и да престане со нивно финасирање од државниот буџет.

На веб страната на здружението се посочува дека само Српската православна црква (СПЦ) од државниот буџет на Србија добива по околу седум милиони евра годишно, објави МИА.

Здружението предлага Србија да воведе „црковен данок“, по примерот на Германија, преку кој би се обезбедувале средства за верските заедница во земјата.

„Црковниот данок“ би го плаќале сите даночни обврзници кои ќе се декларираат како верници, со тоа што за таа цел би издвојувале осум отсто од своите примања.

XS
SM
MD
LG