Достапни линкови

Блок: Наодите упатуваат на директна вмешаност на Русија во падот на малезискиот авион


Шефот на холандската дипломатија Стеф Блок со неговиот руски колега Сергеј Лавров - 13 април 2018 година

Привремените наоди објавени оваа недела од страна на обвинителите кои го испитуваат падот на малезискиот авион на летот МХ17 "упатуваат на директна вмешаност на Русија, изјави холандскиот министер за надворешни работи Стеф Блок, пред почетокот на вонредната седница на холандската влада токму по ова прашање, објави новинската агенција Ројтерс.

Изјавата на блок за руска вмешаност во падот на малезискиот авион е најсилна и најдиректна од изјавите на сите холандски политичари кои се изјаснија по ова прашање.

MХ17 беше соборен над бунтовничката територија во источна Украина во 2014 година, при што загинаа 298 лица. Русија негираше каква било вмешаност.

XS
SM
MD
LG