Достапни линкови

Бугарски навивачи бараат премин на нивниот клуб во македонската лига


илустрација

Навивачите на Пирин од Благоевград, незадоволни од она што тие го нарекуваат „репресија“ од бугарските фудбалски власти, побараа да и се приклучат на Македонската фудбалска лига. Нивниот клуб испадна од првата лига по сомнителен гол со кој загуби од Витоша Бистрица.

„Почитувани лидери на македонскиот фудбал, ние навивачи на Пирин Благоевград, ве повикуваме да го прифатите Пирин во македонското фудбалско првенство од следната сезона“, напишаа навивачите на Пирин во писмото до Фудбалската федерација на Македонија.

Пирин и навивачите на клубот се жалеја неколу пати на неправеден третман од Бугарскиот фудбалски сојуз и судиите во текот на сезоната. Клубот Пирин и Федерацијата не беа достапни за коментар, јавува Ројтерс.

XS
SM
MD
LG