Достапни линкови

Нова демократија: дали Ципрас разговара за Илинденска Македонија?


Софија- Премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас на втора средба, 17.05.2018.

Молкот од грчкиот премиер Алексис Ципрас за „Илинденска Македонија“ создава загриженост кај Грците во однос на тоа дали предлогот е сѐ уште на преговарачката маса, смета потпретседателот на грчката опозициска партија, Нова демократија Костис Хаѕидакис. Тој изјави дека партијата, преку нејзиниот претседател Мицотакис, два пати од грчкиот парламент „побарал од премиерот да разјасни дали продолжува да разговара за името Илинденска Македонија“. „Ципрас два пати се направи дека не го слушна. Неговиот молк на Грците им создава оправдана загриженост дека овој неприфатлив предлог, што е олицетворение на скопскиот иредентизам, уште се наоѓа на преговарачката маса“, изјави вели Хаѕидакис.

XS
SM
MD
LG