Достапни линкови

Меркел: Германија и Кина поддржуваат слободна трговија


На првиот ден од посетата на Кина, германската канцеларка Анѓела Меркел, ја бранеше слободната трговија во период кога Германија и Кина се на мета на критики од страна на американскиот претседател Доналд Трамп, поради високиот трговски суфицит во однос на САД. Канцеларката денеска се сретна со кинескиот претседател Си Џинпинг. Оваа е нејзината 11-та посета на Кина од доаѓањето на власт во 2005 година.

„Кина и Германија напредуваат во промоцијата на мултилатерализмот и поддршката на слободната трговија,“ изјави Меркел по состанокот со кинескиот премиер Ли Кечанг, кој пак изјави дека и Германија и Кина се соочуваат со неколку предизвици во економскиот развој и дека тоа може да биде решено со заедничка соработка.

Дводневната посета на германската канцеларка доаѓа откако минатата недела САД и Кина постигнаа договор за да избегнат трговска војна, непосредно пред воведување на казнените тарифи за кинеските производи во САД, јавува Франс-прес.

XS
SM
MD
LG