Достапни линкови

Заев и Борисов на заедничко чествување во Рим


Zaev and Borisov

Премиерот Зоран Заев, денеска во рамки на посетата на Република Италија и на Светата Столица по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, учествуваше во заедничките активности за чествување на делото на светите браќа Кирил и Методиј, со делегацијата на Република Бугарија предводена од премиерот Бојко Борисов.

„Со заедничките активности за одбележување светите браќа Кирил и Методиј, ние го потврдуваме нашето искрено пријателство и заедно до целиот свет ја испраќаме хуманата порака на мисијата на Свети Кирил и Методиј, а тоа е порака за дијалог и меѓусебно разбирање,” нагласил Заев.

Премиерот Борисов рекол дека заедничкото учество во активностите за оддавање на чест на Свети Кирил со владиците од Македонската и Бугарската православна црква ја потврдува заедничката определба за пријателство и добрососедство меѓу двете земји, и дека споделувањето и меѓусебната почит кон историските настани и ликови, го градат патот на иднината меѓу Република Македонија и Република Бугарија.

“Наместо овие празници да прават раздор меѓу двата народи, може да не зближуваат,” истакнал премиерот Борисов.

XS
SM
MD
LG