Достапни линкови

Македонија стана полноправна членка на Јадранско-Јонската иницијатива


Република Македонија и формално стана полноправна членка на Јадранско - јонската иницијатива на состанокот на Советот на министрите за надворешни работи на оваа иницијатива што се одржа денеска во Катања, Сицилија.

"Со членството во Јадранско-Јонската иницијатива, Република Македонија ќе може заедно со останатите земји членки да го даде својот придонес во градењето солидни основи за процесот на европска интеграција, преку активниот придонес во приоритетните области во рамките на оваа иницијатива, како транспортот, туризмот, културата и животната средина," истакал државниот секретар Виктор Димовски, кој ја предводи делегацијата од македонското МНР.

Јадранско-Јонската иницијатива е оформена во 2000 година со цел да го подобри развојот и зајакне безбедноста на земјите во регионот, да ја зајакне соработката помеѓу земјите-членки и да им даде поттик во процесот на интеграција со ЕУ. Во неа членуваат Италија, Грција, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Албанија, а од денека и Република Македонија.

XS
SM
MD
LG