Достапни линкови

ЕУ не го казни „Газпром“, ама ќе го држи на око


По три години истрага за злоупотреби на пазарите во Источна и Централна Европа од страна на рускиот гигант „Газпром“, Европската комисија сепак одлучи да не ја казнува компанијата, но не ја исклучува оваа можност доколку во иднина таа го прекрши договорот.

Европската комесарка за конкуренција Маргрет Вестагер изјави дека е постигнат договор со „Газпром“, кој треба да ја натера руската компанија да ги почитува правилата за конкурентност на Европската Унија.

Европската комисија од 2011 ги разгледува сомнежите за злоупотреба на доминантната позиција од страна на „Газпром“ во осум земји членки на ЕУ од Источна Европа - Бугарија, Естонија, Летонија, Литванија, Полска, Словачка, Унгарија и Чешка, објави МИА.

„Со постигнатиот договор, руската компанија ќе мора да го смени начинот на кој преговара за цените на гасот со овие земји и со тоа да овозможи создавање на покомпетитивен пазар“, најави Вестагер.

XS
SM
MD
LG