Достапни линкови

Британија ќе бара милијарда евра од ЕУ за системот „Галилео“


Владата во Лондон се подготвува да побара една милијарда фунти од ЕУ, за нејзиното учество во системот „Галилео“, откако Брисел најави дека Лондон ќе треба да го напушти и тој систем ако ја напушти Унијата, соопштија британски владини извори.

Системот „Галилео“ е европскиот ривал на американскиот ГПС систем за сателитска навигација. ЕУ го лансираше проектот во 2003, а тој треба да биде завршен во 2020 година. Велика Британија е една од главните земји кои учествуваа во развојот на „Галилео“, но ЕУ оценува дека по напуштањето на Унијата, Лондон не смее да има пристап до чувствителните информации кои ги содржи системот. Со ова се отвора уште еден фронт во преговорите помеѓу Лондон и Брисел за Брегзит.

XS
SM
MD
LG