Достапни линкови

Новата италијанска влада може да го загрози еврото, предупредува Курц


Себастијан Курц со претседателот на Советот на Европа Доналд Туск и германската канцеларка Ангела Меркел

Австрискиот министер за надворешни работи изјави дека новата Влада на Италија би можела да го загрози еврото, коментирајќи го доделувањето на мандатот за формирање на новиот италијански владин кабинет на анонимниот професор Џузепе Конте.

Курц за виенскиот весник „Клајне цајтинг“ оцени дека програмата на идната италијанска влада, што треба да ја фомираат антиинституционалното евроскептично Движење Пет Ѕвезди (М5С) и десничарската популистичка партија Лига, е „многу неодговорна“.

„Поради тоа Европа би можела да трегне по стапките на Грција“, оцени Курц, осврнувајќи се најавите на новите италијански владини партнери за зголемување на јавната потрошувачка.

Италија е најзадолжена земја во ЕУ, веднаш по Грција.

XS
SM
MD
LG