Достапни линкови

Украински санкции и за рускиот магнат Дерипаска


Дерипаска важи за еден од поблиските магнати на Путин

Украинските власти го вклучија рускиот магнат Олег Дерипаска на листата на лица кои подлежат на санкции воведени од страна на Киев, поради нивните врски со Кремљ и со активностите на проруските сепаратисти во источна Украина.

Компанијата на Дерипаска, „Русал“, поседува голема фабрика за производство на алуминиум во Украина.

На најновата проширена листа на субјекти кон кои Украина воведува санкции се наоѓаат 1.748 физички и 756 правни лица. Советот за национална безбедност и одбрана на Украина на 2 мај донесе одлука за усогласувања на оваа листа со листата на лица кон кои санкции воведе Министерството за финансии на САД

XS
SM
MD
LG