Достапни линкови

Израел ќе разгледува признавање на ерменскиот геноцид


Пратеници во израелскиот Кнесет иницираа свикување на пленарна дебата за прашањето за „признавање на ерменскиот генцид“ во Отоманската Империја во текот на Првата светска војна.

Иако иницијативата не доаѓа од израелската Влада, туку од неколкумина пратеници, таа би можел да предизвика дополнителни тензии во и онака влошените односи меѓу Израел и Турција по минатонеделните судири меѓу палестински демонстранти и иазраелските безбедносни сили во Појасот Газа, при што загинаа околу 60 Палестинци.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган по судирите од 14 мај го обвини Израел дека „користи методи достојни на нацистите“.

Турција силно негира дека во првата светска војна бил извршен геноцид над Ерменците во Отоманската империја.

XS
SM
MD
LG