Достапни линкови

Палмер на средба со Заев за поддршка за влез во ЕУ и НАТО и спорот за името


Премиерот Зоран Заев на средба со вршителот на должност заменик-помошник државен секретар на САД, Метју Палмер

Премиерот Зоран Заев денеска се сретнал со вршителот на должност заменик-помошник државен секретар на САД, Метју Палмер. На средбата, како што соопшти владината прес-служба, Палмер јасно ја реафирмирал поддршката на Вашингтон за интеграција во НАТО и во ЕУ. Тој, како што се наведува, ја повторил и поддршката на САД кон Македонија и Грција со цел да се реализира позитивен резултат од разговорите за спорот со името.

Заев го истакнал значењето на дипломатските чекори кои ги преземаат САД и европските сојузници и пријатели на Македонија и Грција во однос на конечно решение на спорот за името, особено во период кога дипломатските активности се интензивни и кога самиот преговарачки процес е во финална фаза.


XS
SM
MD
LG