Достапни линкови

Украински репортер осуден на 8 години затвор во Белорусија


Павло Шарјоко

Медиуми јавија дека судот во Белорусија го осудил на околу 8 години затвор за шпионажа украинскиот репортер Павло Шаројко. Украинскиот амбасадор во земјата, Ихор Кизим изјави дека судењето се одвивало зад затворени врати, но не посочи кога Врховниот суд ја донел одлуката.

Тој истакна и дека го посетил Шаројко во притворот и оти условите биле прифатливи. Шаројко беше притворен во октомври и обвинет дека шпионирал за украинското министерство за одбрана. Кизим посочи и дека Шаројко се изјаснил виновен, но додаде дека амбасада не верува во таквите тврдења.


XS
SM
MD
LG