Достапни линкови

СДСМ ја обвини ВМРО-ДПМНЕ за несериозност по напуштање на седницата


Седиштето на СДСМ

Од СДСМ денеска соопштија дека ВМРО-ДПМНЕ со напуштањето на собраниската седница потврдила дека е несериозна партија која не мисли на граѓаните, додека владејачката партија се однесува државнички и одговорно.

„ВМРО-ДПМНЕ денеска побегна од директно соочување на аргументите во Собранието и ја напушти седницата на која се разгледуваат важни прашања за граѓаните“, наведуваат од СДСМ.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ по пресудата за случајот „Тенк“ на СЈО ја напуштија собраниската седница.

XS
SM
MD
LG