Достапни линкови

Шекеринска - Бошковиќ: Македонија заслужува да биде следната членка на НАТО


Министерка за одбрана Радмила Шекеринска и црногорскиот министер за одбрана Предраг Бошковиќ

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска денеска во Црна Гора имаше официјални средби со министерот за одбрана Предраг Бошковиќ, со претседателот Мило Ѓукановиќ и со шефот на парламентот, Иван Брајовиќ.

На средбата со црногорскиот министер за одбрана, како што соопшти Министерството за одбрана, било заклучено дека Македонија и Црна Гора имаат исклучителна блиска одбранбена соработка која ќе продолжи да се развива и во иднина, а во врска со евроатлантските аспирации заклучиле дека Македонија треба да биде следната земјка-членка на НАТО.

Министерката Шекеринска се заблагодарила за големата поддршка која Македонија ја добива од Црна Гора за членство во НАТО, истакнувајќи дека Македонија превзема решителни чекори за домашни реформи, но и за решавање на долгогодишниот спор со Грција.

XS
SM
MD
LG