Достапни линкови

Две години затвор за Никола Груевски за „Тенк“


Никола Груевски не се појави на изрекувањето на пресудата за предметот „Тенк“

Две години затворска казна доби поранешниот премиер Никола Груевски за предметот „Тенк“ на СЈО, односно за набавката на блиндираниот мерцедес за 600 илјади евра.

Обвинетиот поранешен помошник-министер во МВР Ѓоко Поповски доби затворска казна од шест години и шест месеци.

Според пресудата, Груевски, покрај злоупотреба на службената положба и овластувања, виновен е и „за примање награда за извршување противзаконито влијание“.

Според обвинението, „Груевски во овој случај беше обвинет дека како премиер побарал од екс-министерката Гордана Јанкулоска да определи лице кое ќе спроведе незаконска јавна набавка за ново блиндирано возило, а се фаворизирала фирмата „Мак Аутостар ДООЕЛ“.

За да го исполни барањето да се набави мерцедесот, или како што во снимените разговори го нарекуваа „она на М“ или „триаголникот“, според обвинението, Јанкулоска го ангажирала помошник-министерот Ѓоко Поповски и двајцата ја злоупотребиле службената положба и овластување“.

МВР направило набавка на возилото кое требало да и биде дадено на Владата, но според обвинението, „било набавено затоа што Груевски сакал да се вози во такво возило, но не сакал јавноста да знае за тоа“.

Обвинетиот Никола Груевски не присуствуваше на изрекување на пресудата за „Тенк“, иако претходно неговиот адвокат на денешното рочиште во „Траекторија“ рече дека Груевски не можел да се појави во судот затоа што напладне ќе оди на читање на пресудата во „Тенк“.

XS
SM
MD
LG