Достапни линкови

Тринаесет обвинети за престрелката во Мала Речица


Мала Речица

Основното јавно обвинителство Тетово поднесе обвинение против 13 лица за учество во вооружениот инцидент во Мала Речица, што се случи на 5 април годинава, во кој едно лице го загуби животот, а неколкумина беа повредени, соопшти Јавното обвинителство.

Според Обвинителството, против четворица е поднесен обвинителен акт со предлог за продолжување на мерката притвор, со кој едно лице се товари за кривични дела „убиство“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ од Кривичниот законик.

„Три лица се товарат за кривични дела убиство во обид и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од Кривичниот законик“, се наведува во соопштението на Јавното обвинителство.

XS
SM
MD
LG