Достапни линкови

Денеска ТВ дуел меѓу Заев и Мицкоски


Средба на премиоерот Зоран Заев со новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Владата.

Премиерот на Македонија Зоран Заев денеска ќе излезе на телевизиски дуел со лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тоа ќе биде, по скоро две децении, прво телевизиско соочување на лидерите на најголемата владејачка партија СДСМ и најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ. Во минатата недела дуелот го побара Мицкоски, што веднаш беше прифатено од Заев. Дуелот ќе се одржи на националната телевизија Македонска телевизија со почеток во 20 часот, а има работен наслов „Една година на власт, една година во опозиција“.

XS
SM
MD
LG