Достапни линкови

Предлогот за реконструкција на Владата испратен во Собранието


Архива: Седница на Владата.

Премиерот Зоран Заев попладнево го испрати предлогот за промена на составот на Владата до Собранието на Република Македонија. Досегашната министерка за образование Рената Тренеска Дескоска е предложена за нова министерка за правда, а за министер за образование нејзиниот актуелен заменик Арбр Адеми од ДУИ.

За министер за култура е предложен Асаф Адеми од Беса, додека за министер без ресор е предложен Бардул Даути од ДПА. Се очекува, седницата за реконструкција на Владата да се одржи во текот на следната недела.

XS
SM
MD
LG