Достапни линкови

Меркел телефонски разговараше со Заев и со Ципрас


Архива: Германската канцеларка Ангела Меркел.

Премиерот Зоран Заев телефонски разговараше со германската канцеларка Ангела Меркел, која дала поддршка за изнаоѓање заемно прифатливо решение за спорот со Грција околу името, потврдуваат од Владата, пренесува МИА. Меркел денеска телефонски разговарала и со грчкиот премиер Ципрас, потврдуваат од кабинетот на Меркел не изнесувајќи повеќе детали.

Меркел имаше одвоени средби со Заев и со грчкиот премиер Алексис Ципрас на маргините на Самитот ЕУ-Западен Балкан, кој се одржа минатата седмица во Софија.

XS
SM
MD
LG