Достапни линкови

Анѓушев: Ќе се обидеме со заем за Југохром да се обезбедат филтри за печките


Кочо Анѓушев

Владата преку инструменти на Македонската банка за поддршка на развојот, во рамки на своите надлежности, ќе направи напори, да се обезбедат средства, во форма на заем за „Југохром“, со кој ќе се продолжи проектот за изградба на системот за отпрашување, комбинатот ќе се рестартира и работниците ќе започнат да работат и да земаат плата, изјавил вицепремиерот Кочо Анѓушев на денешната средба со претставници на менаџментот и синдикалната организација на Југохром Алшар и претставници на Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство.

Според соопштението од кабинетот на Анѓушев, системот за отпрашување е неопходен за добивање интегрирана А-еколошка дозвола за работа на комбинатот и предуслов за негово рестартирање.

XS
SM
MD
LG