Достапни линкови

Русија со „валкани пари“ ги подрива британските надворешно-политички интереси


Илустрација

„Валканите“ руски пари ги подриваат напорите на Велика Британија да му се спротивстави на Кремљ и му помагаат на рускиот претседател Владимир Путин во кампањата за „подривање на системот кој почива на меѓународното право“, се наведува во британскиот парламентарен извештај кој предизвика жестоки реакции од Кремљ.

„Степенот на штетата што овие ‘валкани пари’ може да им ја нанесат на британските надворешно-политички интереси ја прават незначителна користа од руските трансакции во градот“, изјави претседателот на Комитетот за надворешни работи Том Тугендат во пресрет на објавувањето на извештајот со наслов: „Московското злато: Руската корупција во Велика Британија“.

Тој предупреди дека пазарите во Лондон му овозможуваат на Кремљ да го шири своето влијание на Западот со тоа што им дозволува на Русите да купуваат и продаваат луксузни имоти во британскиот главен град.

„Руската корупција и влијание станаа работа на национална безбедност“, вели тој.

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, изјави дека извештајот е доказ за „невидена антируска манија“ во Британија и „нелојална конкуренција“ против руските бизниси. Тој предупреди дека тоа може да ѝ се удри од глава на Британија.

Премиерката Тереза Меј, пак, пак рече дека проблемот е во руската влада, а не во народор или во руските компании.

XS
SM
MD
LG