Достапни линкови

Каталонскиот претседател сака двајца притворени сепаратисти во владата


Новиот претседател на Каталонија, Ким Тора

Новиот претседател на Каталонија, Ким Тора денеска повтори дека во својата влада сака двајца уапсени каталонски сепаратисти, навестувајќи дека нема да отстапи од борбата за независност на Каталонија од Мадрид. Тој денеска ги посети поранешните функционери Жорди Туриљ и Жосеп Руљ, кои се во притвор во очекување на судењето и побара од судијата да ги ослободи, наведува Асошиејтед прес.

Шпанскиот премиер Маријано Рахој наведува дека нема да ѝ даде независност на Каталонија и дека нема да дозволи никој кој е под кривична истрага да биде функционер во тој регион.

Тора во саботата го објави указот за формирање влада во која покрај Туриљ и Руљ, се двајца сепаратисти кои избегаа во Белгија во страв од апсење.

Владата во Мадрид соопшти дека без нејзино одобрение тие четворица нема да може да стапат на должност. Сите четворица беа членови на претходната каталонска влада која Рахој ја смени откако каталонскиот парламент прогласи независност на 27 октомври. Централната влада воведе директна управа врз регионот, но сепаратистичките партии повторно победија на изборите на 21 декември.

XS
SM
MD
LG