Достапни линкови

Лондон не му дава виза на рускиот олигарх Роман Абрамович?


Рускиот олигарх Роман Абрамович, кој е сопственик на англискиот фудбалски гигант Челзи, не може да добие британска виза по новонастанатите затегнати односи меѓу Обединетото Кралство и Русија поради „случајот Скрипал“, објави британскиот „Дејли Меил“.

Извори блиски до милијардерот, на кои се повикува „Дејли Меил“, велат дека барањето за продолжување на визата се уште не е одбиено, но процедурата трае премногу долго. Британскиот министер за безбедност Бен Волас вели дека тоа е така бидејќи од 2014 година критериумите за странски инвеститори се позатегнати.

„Тоа вклучува и одбивање на апликацијата доколку постојат основани причини дека апликантот незаконски стекнал имот“, изјави Волас.

Засега, нема податоци за евентуална инволвираност на Абрамович во незаконски активности.

XS
SM
MD
LG