Достапни линкови

Јилдирим: Грција мисли дека целото Егејско море е нејзино


Турскиот премиер Бинали Јилдирим во интервју за неделното издание на грчкиот весник „Вима" изјави дека тензиите меѓу Турција и Грција може да бидат избегнати ако Атина престане да верува дека Егејското Море е целосно грчко.

„Главниот извор на тензии меѓу Турција и Грција е грчкото сфаќање дека Егејското Море е целосно грчко море, притоа игнорирајќи ги законските права на Турција и нејзините легитимни интереси како крајбрежна земја“, изјавил турскиот премиер.

XS
SM
MD
LG