Достапни линкови

Ослободителна пресуда за Заев за „Поткуп“


Кривичниот во Скопје го ослободи од обвинение премиерот Зоран Заев за случајот „Поткуп“.

Заев во „Поткуп“ беше обвинет дека како градоначалник на Струмица барал поткуп од над 160 илјади евра од бизнисменот Иван Николов за продажба на државно градежно земјиште.

Според пресудата, обвинителството не успеало да докаже дека Заев го сторил делото.

Претходно делото беше и за „примање поткуп“, но беше преиначено во „барање поткуп“.

„Среќен сум што добив ослободителна пресуда и што конечно ја докажав мојата невиност и дочекав правда“, изјави премиерот по објавувањето на пресудата.

XS
SM
MD
LG