Достапни линкови

Црна Гора размислува за бодликава жица за заштита од мигрантите


Началникот на службата за обезбедување на црногорската државна граница Војислав Драговиќ изјави дека Црна Гора ја разгледува можноста да постави ограда долж границата со Албанија за да ја запре илегалната миграција.

Според најновите информации, Црна Гора се соочува со значително зголемување на бројот на мигранти, што ја минуваат земјата за да стигнат до побогатите земји на ЕУ. Илјадници мигранти од Африка и Блискиот Исток во текот на годината се обидуваат да стигнат до Средна Европа, користејќи ја новата балканска рута, која минува низ Грција, Албанија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, до членката на ЕУ - Хрватска.

„Во случај на поголем миграциски бран, може да направиме ограда од бодликава жица на границата со Албанија“, рече Драговиќ.

XS
SM
MD
LG