Достапни линкови

„Илинденска Македонија и безимени марсовци“ - вие коментирате


Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас и македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров пред почетокот на состанокот за иднината на Европа во Сунио, во близина на Атина, Грција.

Разликата е само што тие тајно и мафијашки зад наш грб, а овие јавно... За овие 20 и кусур години само улогите се менуваат на тие што бранат и на тие што напаѓаат“, се дел од вашите коментари на социјалните мрежи.

„Ајде најдете си решение, нека си го смени името Грција и ете решен проблем. Што сте навалиле на Македонија“.

Ова го постирал Сеад Абази, и читајќи го, човек не може да се оттргне од впечатокот дека на народот му е веќе преку глава од преговорите за името, но сепак, ја полнат веб - страницата на Радио Слободна Европа на македонски јазик. Абази всушност реагира на информацијата дека е закажана нова средба на шефовите на македонската и на грчката дипломатија, Димитров и Коѕијас на 24 и 25 мај, но во присуство на медијаторот Нимиц.

Ангел Стојанов коментира за тоа што значи политика: „Кога цела економија тоне и ништо не функционира, најдобар начин да го замајуваш народот е со името, презимето... Додуша, функционира, сите повеќе се замараат со тие глупости и во меѓувреме забораваат дека работат за 200 евра...“ Алекс Алекс е уште поостар: „Првите 10 лица од СДСМ и ВМРО треба да лежат доживотно...“, па завршува: „ВМРО = СДСМ, крадење, лажење, тендери и продавање на национални интереси, култура и богатства“.

Изјавата на вице - премиерката Шекеринска дека Илинденска Македонија е позитивно решение за двете страни, исто така, ја наполнила нашата веб - страница. Ќе ги занемариме постовите со лични навреди кон Шекеринска, и го пренесуваме коментарот на Сашо Станикевски: „Па нели сме прва република на Балканот, Илинденска Република, ама проблем е што Грците сакаат да сме безимени марсовци“. Ивена Илиевска вели дека тоа е најдобар предлог досега и „треба да се изборите за тоа решение и покрај реакциите на грчката опозиција и безидејната реакција на нашата опозиција која ви завидува на напредокот што го направивте за решавање на спорот и на сè што доаѓа позитивно од оваа Влада“.

По овој пост порој од непристојни изрази и пцовки, а Ивена Илиевска им одговара: „Ете како можат неписмени простаци да коментираат, без аргументи и факти“. По информациите за пишувањето на грчките медиуми дека повторно се во игра „Горна“ и „Нова Македонија“, Сашо Ѓуровски предлага, не без подбив: „Вселенска Патријаршиска Македоника!“ Душко Ивановски смета: „Сега по Грците ќе е тојагата“, откако објавивме информација дека премиерот Ципрас и американскиот потпретседател Мајкл Пенс телефонски разговарале за преговорите за изнаоѓање решение за името на Република Македонија.

Благоја Стеваноски „би увезол Јапонци и би ги ставил на чело на државата, сè ова би стрпал во Идризово“, откако ја прочитал нашата информација за лидерската средба. Благојче Наков објаснува: „Кој и да е, исто ќе биде околу името. Слушнавме како преговараат Груевски, Мијалков и Милошоски. Разликата е само што тие тајно и мафијашки зад наш грб, а овие јавно... За овие 20 и кусур години само улогите се менуваат на тие што бранат и на тие што напаѓаат“.

И еден коментар по нашата анализа „Дали ’Поткуп‘ и ’Тенк‘ ќе ја вратат довербата во судството?‘“: Љубомир Ацков постирал: „Додека не одговараат тие што се на чело на Судскиот совет, Врховен суд и судиите од сваровски судството, никогаш нема да има доверба во истото. Со него сè уште раководат криминални инсталации од минатата власт“.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG