Достапни линкови

Собранието ќе расправа за Изборниот законик и за гувернер на НБРМ


Седница на Собранието на Македонија

Собранието на Македонија денеска ќе ја почне 46. седница на која се очекува на дневен ред да бидат ставени измените на Изборниот законик, по скратена постапка, кои се однесуваат на избор на членови на ДИК, но и изборот на нов гувернер на Народната банка на Македонија. На оваа седница има и другиточки, како предлог одлуката за јавен оглас за избор на директор на Оперативно-техничката агенција, извештајот за работата на Специјалното јавно обвинителство, предлог одлука за продолжување на кризната состојба на јужната и северната граница до крајот на годината. На дневен ред е и Предлог-законот за акцизите на опозицијата, како и годишните извештаи за работењето на Дирекцијата за заштита на личните податоци за 2017 година и на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекциот надзор и прекршочната постапка за 2017 година.

XS
SM
MD
LG