Достапни линкови

Трамп ќе бара истрага за шпионажа на неговиот тим


Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе побара од Министерството за правда да испита дали тоа Министерство и ФБИ ја шпионирале неговата претседателска кампања и дали имало такви барања од админситрацијата на неговиот претходник Барак Обама. Тој на твитер напиша дека ФБИ го шпионирал неговиот тим кој бил надлежен за претседателската кампања. Сепак, неговиот адвокат Руди Џулијани изрази сомневање во врска со тоа, наведувајќи дека ниту тој, ниту претседателот не знаат за сигурно дали имало шпиони во тимот за кампањата.

XS
SM
MD
LG