Достапни линкови

Мадуро прогласи победа на изборите во Венецуела


Николас Мадуро

Изборниот совет на Венецуела го прогласи претседателот Николас Мадуро за победник на изборите кои Соединетите држави ги оценија како „измама“, а опозицијата најави дека нема да ги признае како легитимни. Советот соопшти дека Мадуро освоил 68 или 5,8 милиони гласови, додека неговиот ривал Анри Фалкон 21 насто или 1,8 милиони гласови. На гласање излегоа мал број избирачи. Според официјалните податоци, околу 46 насто. Опозициската коалиција „Демократско единство“ ги повика гласачите да го бојкотираат гласањето, нарекувајќи го „фарса“. Фалкон изјави дека нема да ги признае резултатите од гласањето. САД, Европската унија и 14 земји од Латинска Америка ги осудија изборите, наведувајќи дека користењето на државните ресурси, забраната за двајца од водечките ривали на Мадуро и лојалистичкиот изборен совет му дадоа на владејачкиот претседател нефер предност.

XS
SM
MD
LG