Достапни линкови

Ден на жалост во Куба


Авонската несреќа во близина на Хавана, 18 мај, 2018.

Во Куба знамињата се спуштени на половина копје, во знак на дво-дневната жалост за загинувањето на 110 те лица во несреќата на авионот, кој се урна кратко време по полетувањето од Хавана пред два дена. Три кубански жени ја преживеаја несреќата, но тие се во исклучително тешка состојба.

Боингот 737 превезуваше 104 патници и девет лица од екипажот кога падна во поле и се запал. Кубанскиот совет на црквите потврди дека двајца свештеници од една евангелска црква биле меѓу загинатите.

Арегентинската и мексиканската влада соопштија дека меѓу загинатите имало двајца аргентински граѓани и голем број Мексиканци.

. Авионот бил произведен во 1979 година и го купиила кубанската авиокомпанија Кубана од мала мексиканска компанија наречена Дамох.

XS
SM
MD
LG