Достапни линкови

Бутарис во добра здравствена состојба


Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис

Солунскиот градоначалник Јанис Бутарис утрово беше пуштен од болница, откако беше задржан на лекување во текот на ноќта по нападот од група граѓани за време на манифестацијата за одбележување на годишнината од геноцидот на пондијските Грци, во центарот на Солун.

"Тоа беше ужасен напад, но добар сум. Имам одлични односи со Пондите и не верувам дека напаѓачите беа Понди" рече Бутарис во изјава за грчката новинска агенција АНА-МПА, само неколку часа по инцидентот.

Физичкиот напад врз солунскиот градоначалник го осудија сите политичари и политички партии во Грција.

XS
SM
MD
LG