Достапни линкови

Шекеринска: Илинденска Македонија е позитивно решение за двете страни


Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска

Нашата цел да најдеме решение коешто ќе биде позитивно и за Македонија и за Грција е постигнато со овој предлог пакет, изјави денеска вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.

"Министрите за надворешни работи договорија еден пакет кој што двајцата премиери начелно го потврдија. Она што беше нашата цел, а тоа е да најдеме решение коешто ќе биде позитивно и за Македонија и за Грција, сметаме дека е постигнато со овој предлог пакет. Не случајно премиерот вчера јасно порача дека сметаме дека пакетот којшто беше усогласен нуди шанса сите да излезат од овој процес како победници" истакна Шекеринска, одговарајќи на новинарско прашање по свеченоста на која беше одбележан 23 мај - Меѓународниот ден на Власите.

Посочи дека Република Илинденска Македонија претставува одлична база за решение, заради тоа што, таа подразбира временска одредница, се поклопува со важни датуми од историјата и покажува дека Република Македонија ниту имала, ниту ќе има територијални претензии.

" Ќе продолжиме да работиме на решение и да градиме пријателство, заради тоа што сметаме дека овој пат навистина сме многу блиску" истакна Шекеринска.

Во однос на коментарите дека сега нема повлекување од „ерга омнес“, Шекеринска потсети дека сме врзани со пакет решение кое, како што рече, не може да се дорби на парчиња.

Според нас, додаде таа, ова беше добар чекор напред и добра основа на решение кое што требаше да се преточи во договор подготвен и од страна на медијаторот Метју Нимиц.

" Очекуваме дека овие контакти ќе продолжат и дека средбата ќе се случи оваа недела. Меѓутоа, работиме на решение кое што ќе одговара на интересите на двете држави и на Македонија и на Грција" нагласи Шеќеринска.

XS
SM
MD
LG