Достапни линкови

Солунскиот градоначалник Бутарис претепан од националисти


Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис

Солунскиот градоначалник, Јанис Бутарис, е задржан во болница откако го нападнале националистички екстремисти кои му нанеле повреди на главата, рацете и нозете.

Претседателката на градското собрание, Калипсо Гула, изјави дека Бутарис присуствувал на комеморацијата за таканаречениот „Понтски геноцид“ – убиства на етнички Грци извршени од Турците за време на Првата светска војна и грчко-турската војна што следела потоа.

Гула објаснила дека повеќе од десет луѓе му пристапиле на 75-годишниот Бутарис и му рекле да го напушти настанот, а потоа го нападнале со шишиња. Бутарис е познат по силниот анти-националистички став.

Според Гула, градоначалникот паднал и добил повеќе удари во пределот на главата и нозете. Таа додала дека насобраните им свиреле на присутните политичари за време црковната богослужба која му претходела на настанот.

XS
SM
MD
LG