Достапни линкови

Рохани: Муслиманските земји да ги прекинат врските со Израел


Иранскиот претседател Хасан Рохани

Иранскиот претседател Хасан Рохани ги повикува муслиманските држави да ги прекинат односите со Израел и да ги "ревидираат" своите трговски и економски врски со САД, откако Вашингтон ја премести својата амбасада во Ерусалим оваа недела. На самитот на муслиманските држави, кој го свика Турција во Истанбул вчера, Рохани ја прозва и администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, која неодамна се повлече од нуклеарниот договор на Техеран со светските сили и ги пренасочи санкциите врз Иран, оценувајќи дека е "опасна закана" за глобалниот мир и безбедност. Рохани рече дека муслиманските нации треба да размислат за "ревидирање" на политичките и економските врски со Вашингтон и го повикаа муслиманскиот свет "да ги прекине врските" со Израел и да го бојкотира преку трговија.

XS
SM
MD
LG