Достапни линкови

ЕУ ќе се придржува на нуклеарниот договор со Иран


Европскиот комесар за енергија, Мигел Аријас Канети.

Европската унија ќе остане посветена на иранскиот нуклеарен договор, се додека Техеран продолжува да се придржува до насоките дадени во 2015 година, со што ќе се олеснат санкциите, изјави највисокиот енергетски претставник на ЕУ Мигел Аријас Канети . "Ние испративме порака до нашите ирански пријатели дека се додека се држат до договорот Европејците ќе ја исполнат својата посветеност. И тие го рекоа истото од друга страна ", рече европскиот комесар за енергија, Мигел Аријас Канети, по состанокот со иранскиот нуклеарен шеф во Техеран . "Ќе се обидеме да ги интензивираме нашите трговски врски кои беа многу позитивни за иранската економија", додаде Канете на заедничката прес-конференција со иранскиот потпретседател Али Акбар Салехи, кој ги надгледува нуклеарните активности на Техеран. Забелешките на Канети дојдоа еден ден откако Европската комисија (ЕК) предложи мерки за да им помогне на бизнисите во ЕУ да ги избегнат обновените санкции на САД за Иран. По забраната на САД за водење бизнис со иранскиот нафтен сектор, комисијата вчера предложи да им овозможи на членките на ЕУ да вршат исплати за нафта директно до иранската централна банка за да ги избегнат казните на САД. Овој чекор е дизајниран да им овозможи на европските компании да го избегнат користењето на американскиот долар и американскиот финансиски систем за набавка на нафта од Техеран, со што ќе се заобикола санкции на САД, кои му отежнија на Иран да ја продава својата нафта кога беше погоден од санкции во минатото.

XS
SM
MD
LG