Достапни линкови

Тексас-повеќе од 10 луѓе загинати во пукањето во училиште


Повеќе од 10 луѓе, поголемиот дел од нив ученици, се убиени во пукањето во училиште денеска во американската држава Тексас. Од локалната полициска станица, од каде што ја соопштија бројката на загинати во инцидентот во училиштето во Санта Фе, рекоа и дека се уште не можат да бидат докрај прецизни со бројот на загинати. Едно лице е во притвор, а друго е приведено, соопшти полицијата. Областа Санта Фе на својот официјален профил на Твитер соопшти дека можни експлозивни направи се најдени во школскиот кампус, дека училиштето е евакуирано и се уште опколено со полиција. Инцидентот се случи околу 8 часот утрината веднаш по почетокот на наставата. Пукањето во Санта Фе е последно од ваквите инциденти во училиштата во САД. Во февруари 17 ученици и вработени загинаа при пукање во училиште во Флорида.

XS
SM
MD
LG