Достапни линкови

Осум лица осудени во Косово за планирање напад врз фудбалската репрезентација на Израел


Косово- осудените за планирање на нападот ја слушаат пресудата, 18.05.2018

Косовскиот суд денеска осуди осум мажи на вкупно 35 години и шест месеци затвор поради планирање напад врз тимот на израелската фудбалската репрезентација во Албанија, во текот на квалификациските натпревари за Светското првенство во 2016 година.

Осудените одделно добија од 18 месеци до 10 години затвор. Деветтиот обвинет во процесот доби парична казна од 2.500 евра. Според обвинителството, групата планирала напад врз израелскиот тим со експлозиви и автоматски пушки.

Планот бил спречен откако го разоткрила косовската полиција, за што ги информирала албанските власти, кои го преместија натпреварот од Скадар во Елбасан. Обвинителството тврдеше дека некои од осудените добиле наредба да го извршат нападот од истакнатиот член на групата Исламска држава (ИД) и самопрогласен „командант на Албанците во Сирија и Ирак“, Лавдрим Мухаџери, за кој се тврди дека подоцна загинал на сириска територија. На натпреварот во Елбасан Израел ја победи Албанија со 3: 0.

XS
SM
MD
LG