Достапни линкови

Путин ќе може да владее со Русија и по 2024 година?


Рускиот претседател Владимир Путин

Законодавниот дом во Чеченија поднел предлог до рускиот Парламент за укинување на уставната граница од два последователни претседателски мандати со што би му се овозможило на Владимир Путин да остане на власт и по 2024 година.

Предлогот е поднесен две недели по инаугурацијата на Путин на претседателската функција и почетокот на неговиот нов шест годишен мандат.

Лидерот на Чеченија Рамзан Кадирове лојален сојузник на Путин и изјави дека тој треба да владее со Русија до крајот на животот. Согласно постојниот Устав, 65 годишниот Путин не смее да се кандидира на наредните избори. Тој е премиер или претседател на земјата од 1999 година.

XS
SM
MD
LG