Достапни линкови

Захариева за РСЕ: Разбрав дека еден од предлозите е Илинденска Македонија


Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева

Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева на прашање на дописникот на Радио Слободна Европа за тоа дали предлогот Република Илинденска Македонија е прифатлив за нејзината земја изјави дека разбрала оти еден од предлозите во спорот за името е Илинденска Македонија. Според неа, предлогот е новина и за Бугарија, оти како што посочува дека петте предлози кои долго беа на масата со години не го вклучуваа Илинденска Македонија.

„Илинденска Македонија на мене ми звучи дека тие препознаваат оти имаме заедничка историја и заедничко минато, бидејќи ова е многу важен дел од бугарската историја и многу важен моментум за нивната историја“, вели Захариева.

XS
SM
MD
LG