Достапни линкови

Ципрас: Сè уште не сме во позиција да говориме за договор


Софија- Премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас на втора средба, 17.05.2018

Верувам дека имаме поминато голем дел од патот, но има уште пат да се помине, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас на прес-конференцијата во Софија.

„Ги разгледуваме чекор по чекор сите детали. Сè уште не сме во позиција да говориме за договор. Ќе постојат и следни чекори, со цел ако е можно повторно да се сретнеме на почетокот на следниот месец“, рече Ципрас.

Грчкиот премиер откри дека вчера доцна вечерта до речиси раните утрински часови разговарал со неговиот македонски колега во пријателска и опуштена клима, пренесува МИА од Атина.

XS
SM
MD
LG