Достапни линкови

Заев: со Ципрас утврдивме една опција за името прифатлива за двете страни


Премиерот Зоран Заев

Премиерот Зоран Заев по средбата со неговиот грчки колега Алексис Ципрас денеска во Софија изјави дека утврдиле една опција за спорот за името која може да биде прифатлива за двете страни. Но, според него, сега останува да се види како тоа решение би било институционално спроведено.

„Разговаравме суштествено и разгледаме неколку опции, а една од опциите е решение прифатливо за двете страни. Продолжуваме со консултации дома за да видиме дали практично е возможно тоа решение. Ако е возможно веројатно ќе имаме решение“, рече Заев.

XS
SM
MD
LG