Достапни линкови

Туција бара ОН да се изјаснат за убиството на палестински демонстранти


Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу

Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу изјави денеска дека неговата земја бара реакција од Генералното собрание на ОН за ситуацијата во Ерусалим и за убиството на палестинските демнонстранти.

Во интервју за државната телевизија ТРТ Хабер, тој рече дека независна комисија треба да подготви извештај за насилството во Појасот Газа и оти Израел треба да се соочи со правото. Израелски војници застрелаа десетици демонстранти кои протестираа на границата на Појасот Газа, на денот кога САД ја отворија својата Амбасада во Ерусалим.

XS
SM
MD
LG