Достапни линкови

Павлопулос против меѓународен договор без уставни измени за името


Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос

Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос изјави дека промена на Уставот е предуслов за решение за спорот за името, но и обврска кон владеењето на правото, затоа што Меѓународен договор без уставни измени носи и одговорност за премиерот на соседната земја.Според него, потребни се и конкретни гаранции што ќе го елиминираат иредентизмот.

„Нашата соседна земја треба да го смени Уставот, нејзиниот Устав денес содржи име кое, како што е познато, не е прифатено. Тоа треба да се смени“, рече тој на почетокот на средбата со неговата колешка од Естонија, која е во посета на Грција.

Павлопулос смета дека не може да се потпише и ратификува договорот доколку тој е спротивен на Уставот на Македонија.

XS
SM
MD
LG