Достапни линкови

Меркел и Меј се залагаат за стабилен и безбеден Западен Балкан


Германската канцеларка Ангела Меркел so британската премиерка Тереза Меј и францускиот претседател Емануел Макрон во Софија

Германската канцеларка Ангела Меркел на самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија порача дека во интерес на Европа е Западен Балкан да биде безбеден и економско добро да се развива. Таа порача и дека премиерот на Бугарија Бојко Борисов доволно работел за време на претседавањето на ЕУ за приближување на регионот кон Унијата.

Британската премиерка Тереза Меј на самитот истакна дека ќе ги разгледаат начините како можат да работат заедно за да се обезбеди поголема стабилност и просперитет за Западен Балкан. Таа изрази задоволство што нејзината земја ќе биде домаќин на петтата од годишните средби на врвот за Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес во јули.

XS
SM
MD
LG